Гоу Грин со задоволство го најавува партнерството со Fairfood International (www.fairfood.org). Fairfood е непрофитна организација која се стреми за намалување на гладот и сиромаштијата во светот преку постигнување на одржливост во прехрамбената индустрија.
Fairfood и Гоу Грин заедно работат во областа на одржливост преку употребата на социјалните медиуми за промовирање на своите цели и идеали. За постигнување на целта е потребно глобално поврзување на луѓе и организации со слични вредности кои ќе гласаат за одржлива иднина и ќе создадат виртуелна платформа.
Посетете ја веб страната на Fairfood и нивната Фејсбук фан страна и бидете информирани за активностите и кампањите кои ги организираат.

< Пред | Следно > |
---|
Понеделник, 25 Октомври 2010