Тимот на Гоу Грин со големо задоволство ја најавува соработката со ЗООЛОШКАТА Градина – Скопје. Зоолошката градина претставува уникатно место каде што се прикажува животинскиот диверзитет и Гоу Грин целосно го подржува правилниот развој на Зоолошката Градина во Скопје.
Покрај промотивниот аспект на соработката, Гоу Грин одвои и простор во Списанието Екологија и Одржлив Развој, каде што ќе може да прочитате многу едукативни и информативни содржини поврзани со активностите на Градината.
Зоолошката Градина (www.zooskopje.com.mk) игра значајна улога во образовно-воспитниот, културниот и рекреативниот живот и претставува една од најпосетените институции во градот Скопје и пошироко во Републиката.
Фотографија: М. Костовски

< Пред | Следно > |
---|
Вторник, 12 Октомври 2010