На 29 Јануари, во Домот на Културата “Кочо Рацин”, се одржа прес конференција на која се Заменикот Министер, Стево Темелковски, Н.Е. Норвешкиот Амбасаадор, Нилс Рагнар Камсваг, и Антонио Јовановски, од НВО Гоу Грин. ги презентираа резултатите од проектот за отпадни батерии Гоу Клин и се најавија обврските кои произлегуваат од Законот за електричен и електронски отпад.
Повеќе од 5.000 средношколци се вклучиле во натпреварот за собирање отпадни батерии, организиран од страна на еколошката невладина организација Гоу Грин, и собрани се 835 кг батерии во рок од 6 месеци. Тоа претставува 15% од вкупното количество на собрани батерии за 2014 година, а имаме 41,7% зголемување од собраните батерии од 2013 година, според податоците на колективниот постапувач Нула Отпад ДОО (табела 1.1.) кој беше клучен партнер за реализација на проектот.
Кампањата Гоу Клин е почната во 2011-та година по иницијатива на Амбасадата на Кралството Шведска во Скопје, а Амбасадата на Кралството Норвешка е континуиран поддржувач на проектот. Во проектот Гоу Клин реализиран во 2014 година беа вклучени 79 училишта од 7 општини, се поставија дополнителни 62 садови за отпадни батерии и 139 вработени од јавната администрација се информираа за опасноста од отпадните батерии и садовите кои беа поставени главно во училиштата. Од 1 Јануари 2015 година сите трговци и поседувачи треба да имаат поставено садови за отпадни батерии и акумулатори, со што системот ќе се зацврсти и прошири.
Табела 1.1
|
Колективен постапувач Нула Отпад ДОО |
Цели според Законот за собрани батерии пуштени на пазар |
Број на договори со увозници |
КГ батерии пуштени на пазат |
Собрани КГ батерии |
% собрани / пуштени на пазар |
|
2013 |
5% |
62
|
37.500 |
2.000 |
5,3% |
|
2014 |
12,5% |
88
|
42.400 |
5.400
|
12,7% |
|
Зголемување на % |
|
30%
|
11,5% |
37% |
41,7% |
Пред нас е нов предизвик а тоа е системот со управување со електрична и електронска опрема и отпад од електрична и електронска опрема (ОЕЕО). Согласно направените неодамнешни истражувања - 19 % од населението на Македонија дома чуваат телевизор кој не го користат, 29 % има барем по еден стар телефонски апарат, 22 % имаат по еден замрзнувач, 17 % чуваат неискористени шпорети, а 33 % имаат информатичка опрема (компјутери и печатачи). Според податоците на Здружението за метална и електроиндустрија на годишно ниво се увезуваат 33.000 тони електрична опрема и околу 5.000 тони компјутерска електронска и оптичка опрема.
Одговорноста на производителот или на трговецот со овој закон е да се грижи за производот кога ќе стане отпад. Законот дава обврски и за граѓаните што се крајни потрошувачи и кои ќе добијат казна од 60 евра доколку го остават електричниот апарат на несоодветни места за отпад.
| < Prev | Next > |
|---|
Friday, January 30 2015



