Борд на Европски Студенти по технологија – Скопје оваа година по 12-ти пат го организира Летниот Академски курс.
Темата на овогодинешниот Летен Академски курс е поврзан со одржлива и обновлива архитектура, каде што главен акцент ќе се стави на пасивните куќи и нивната примена во секојдневниот живот на човекот.
Ќе учествуваат 25 партиципанти од цела Европа, кои ќе имаат предавања од врвни и искусни професори од Градежниот факултет во Скопје и предавачи од врвни градежни компании, меѓу кои се градежната компанија Кнауф и Хабитат. Воедно, оваа година Гоу Грин како поддржувачи на целиот настан ќе придонесат во подобро запознавање на учесниците на самата тема. Летниот Академски курс ќе се одржи од 3-ти до 13-ти јули.
Покрај едукативниот дел, овој настан има и културно значење поради разновидноста на културите и традициите кои со себе ги носат самите учесници од различни земји во Европа. Преку организирање на бројни активности во Скопје, како и викенд патување во Охрид учесниците имаат можност да се запознаат со културните и историските обичаи и знаменитости на Македонија, како и да ги разменат сопствените. Покрај тоа, со овој настан тие се запознаваат и со убавините на нашата земја, а преку посета на разни објекти во Скопје и Охрид се запознаваат со начините и материјалите кои се користат при градење.
Покрај едукативниот и културен карактер, целта на овој настан е и поврзување на студентите како и овозможување на размена при студиите низ цела Европа.
| < Para | Tjetri > |
|---|
E martë, 08 Korrik 2014



