На 1-ви октомври по повод националната акција за помалку отпад во организација на Асоцијацијата Ајде Македонија, членовите на Гоу Грин се погрижија за чистењето на пешачката патека која се протега од хотелот Тасино Чешмиче до ул. „Партенија Зографски“ во Скопје.
Се собраа вкупно 7.5 m3 отпадна пластика и 30 m3 мешовит отпад кој беше собран од страна на комуналното претпријатие на општина Центар. Дел од отпадот беше реупотребен и се изработија садници во текот на самата акција. Иако сe исчисти значителна количина на отпад, сепак остана одредена количина на отпад во пострмните непроодни делови на локацијата за кои е потребно ангажирање на соодветна механизација.
Националната акција е во рамки на проектот „Македонија без отпад 2016“ кој има за дел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизам за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници.
Гоу Грин е ко-основач на асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ и секоја година го одбележува овој ден со организирање на акција за чистење отпад и подигнувањ на свест за отпадот кај младите. Оваа година на нашата акција се приклучија и членови од организациите „One Can“ и „Хуман Свет“.

< Prev | Next > |
---|
Monday, October 03 2016