Во период од 24 септември до 16 октомври се спроведе анкета за оцена на мислењето кај младите во врска со велосипедската култура и инфраструктура.
Анкетата за велосипедска култура и инфраструктура ја одговорија 954 млади на возраст од 14 до 22 години од 18 општини, најголем дел од Градот Скопје. 657 одговори, односно 69% од одговорите беа од млади на возраст од 14 до 17 години.
Заклучоците беа извлечени по двочасовна дискусија за резултатите на која присуствуваа 54 млади, а се оддржа во Дом на Култура “Кочо Рацин” на 17 октомври.
Главните заклучоци кои произлегоа се следните:
- Постои недостаток на сообраќајна култура и почитување на секој учесник во сообраќајот.
- Автомобилот не е реална потреба на тинејџерите.
- Доколку кацигата се воведе како задолжителна опрема, ќе се намали бројот на велосипедистите.
- Со законот за добивање возачка дозвола на 16 години се поттикнува автомобилска култура и не се поттикнува здрав живот.
- Родителите немаат доверба во своите деца и не иницираат разговор во врска со нивната подготвеност за возење автомобил на 16 години.
- Нема безбедни услови за паркирање на велосипедите.
- Во зградите е потребно да се одреди организиран простор за чување на велосипедите и поголема практичност при маневрација.
- Кар-пулинг опција (споделување на автомобил) не би функционирала за тинејџерите бидејќи родителите немаат доверба во туѓинци.
- Кар-пулинг опција (споделување на автомобил) би можела да фукнционира кај 22+ и повозрасните доколку се разберат последиците и придобивките.
- За младите да го користат вело-системот на позајмување потребно е да има:
- Станици за подигање и враќање на велосипедот низ целиот град
- Едноставна процедура за подигање и враќање на велосипедот
- Да е најевтина опција за транспорт
Целосниот документ со одговорите на сите прашања може да ги прочитате тука.
Активностите се дел од проектот “Младите за пониски емисии на ЦО2 – Младите на велосипед”, поддржан од Град Скопје и Француската Амбасада.
| < Prev | Next > |
|---|
Sunday, October 19 2014




