Во време на зголемена индустријализација и градежна работа во општина Илинден се појавуваат многу проблеми поврзани со самата инфраструктура на клучните елементи како канализацијата на општината.

Минатата година, градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски најави изградба на нова Пречистителна станица за жителите, но со изградбата на станицата не се постигна решавање на сите проблеми на општината како претрупаните канали со фекални и отпадни води кои шират најразлични зарази и се извор на лоша миризба.

Каналите кои некогаш добивале вода од Вардар, а минуваат и низ општина Петровец сега се скоро затворени и проток на вода добиваат само при големи врнежи од дожд.



Со ваков проблем се соочува и Марјан Здравковски, кому општината при чистењето на еден од каналите, голем дел од фекалните отпади ги исфрлила на неговиот имот.

„Каналоте непроточен! Вода се собира само кога  врне. Реата е неподнослива, особено наутро.Измерената PH вредност на земјата е 9! По барање на општината и градоначалникот Жика Стојановски за потребата каналот да се исчисти  (бидејќи во тој дел не беше чистен со механизација некаде окулу 15 години) целиот наталожен отров од фекалните води беше ставен на мојот имот на спомнатата квадратура!”-  вели Здравковски.

Тој ја бара одговорноста во општина Илинден за пречистување на каналите и поставување соодветна канализација.

Во текот на разговорите со општината, г-динот Здравковски добил коментари дека надлежноста е на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, а од таму одговорноста е префрлена на општината Илинден. Во сета оваа збрка од помешани одговорности секогаш страдаат граѓаните кои секојдневно се борат со неподнослива миризбра и стравуваат од ширење на најразлични болести. Покрај сите преговори со надлежните, решение за проблемот сеуште не е пронајдено.

Додека сите меѓусебно си ја подаваат топката, граѓаните немаат друг избор и ги поврзуваат своите цевки кои носат фекален отпад во каналите, поради немање соодветна канализација. Општината, од друга страна, несериозно пристапува на проблемот, со што се создава ситуација каде имаме загадување на животната средина на сите организми во таа околина, а немаме соодветно решение од надлежните.

Share/Save/Bookmark

Monday, April 24 2017