За успешна имплементација на Директивите за енергетска ефикасност е потребно соодветно образование и стручен кадар за практична реализација и исполнување на стандардите за енергетска ефикасност во домовите, зградите и индустријата. Во членот 16 и 49 од Директивата (2012/27/EU), се дава препорака до владите да ги искористат потенцијалите за вработување во градежниот сектор за да придонесат кон поголема енергетска стабилност. Во Република Македонија, се јавува голем недостаток на квалификувана работна сила, особено средни-технички профили, со кои би се реализирале стандардите за енергетска ефикасност, пропишани во правилникот за енергетски карактеристики на зградите. Сето ова се јавува како резултат на недостаток во образовниот систем да обезбеди соодветно знаење и доволен број на стручни кадри за енергетска ефикасност кој одговара на потребите на реалниот пазар на труд.

Во рамките на проектот „ГРАЃАНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЗА КЛИМА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ“, ќе бидат ангажирани тројца консултанти на различна тематика (градежна, машинска и електротехничка)кои ќе ги советуваат наставниците во средните стручни училишта во 5 општини во Македонија при изработката на програмата за слободни часови за енергетска ефикасност. Задачата на консултантите е да ги советува и работните групи во општините за најновите трендови на полето на енергетската ефикасност во приватниот сектор кои ќе придонесат кон создавање на квалитетна образовна програма. 

Предвидени активности:

- изработка на работен план
- комуникација со наставницитеод 5те средни стручни училишта во Македонија
- комуникација со кординаторите на 5те работни групи во општините
- идентификување на потребите на приватните компании во секторот енергетска ефикасност во однос на работната сила, потребните вештини и знаења
- изработка на документ со препораки за прилагодување на средното стручно образование кон потребите на фирмите во секторот енергетска ефикасност

Очекувани резултати од ангажманот на консултантите:

1. Програма за слободни часови по енергетска ефикасност за градежна струка
2. Програма за слободни часови по енергетска ефикасност за машинска струка
3. Програма за слободни часови по енергетска ефикасност за електротехничка струка

Работен ангажман: 15 работни денови

Надоместок: На консултантите за остварувањето на работните задачи ќе им бидат исплатени 13000,00денари (бруто износ).

Временски период: 1 април – 31 мај 2017 година

Профил на консултантот:

-    Познавања од пакетот на ЕУ 2020 за клима и енергија
-    Познавање од европската и македонската регулатива за енергетска ефикасност
-    Истражувачко искуство
-    Тимска работа
-    Познавање на пазарот на трудот во секторот енергетска ефикасност (ќе се смета за предност)
-    Академско искуство и познавање на образовниот процес (ќе се смета за предност)
-    Способност за самоорганизација и планирање
-    Одлични комуникациски вештини

Начин на пријавување:

Доколку сте заинтересирани да се пријавите, ве молиме да ја испратите вашата биографија (CV), на следната електронска адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Краен рок за пријавување е 30.03.2017. Само кандидатите кои ќе го поминат првиот круг на селекција, ќе бидат повикани на интервју.  

Share/Save/Bookmark

Tuesday, March 21 2017