Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин - Скопје во рамките на проектот „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“ има потреба од обучувачи за обуката „Влијание во областа на образованието за енергетска ефикасност“ која ќе се одржи од 9 – 12 март во Скопје.

Цел на обуката:

Да серазвијат капацитетите на локалните партнерски здруженијана граѓани во креирањето на образовни политики за клима и енергетска ефикасност, преку спроведување на обуки во следниве области:

-      ЕУ 2020 пакетот за клима и енергија
-      Стратегија за комуникации и односи со јавност
-      Застапување и лобирање на локално ниво
-      Планирање и менаџмент

Профил на учесници:

20 учесници на различна возраст од раководните тела на 10 локални здруженија од 5 различни општини кои работат на полето на заштита на животна средина, образование и креирање на политики. 
 

Профил на обучувачи:

•    Познавања од некоја од горе споменатите области (клима и енергија 20/20/20, образование, застапување и лобирање)
•    Докажана способност за пренесување на знаења
•    Искуство во примена на разновидни методи на обука
•    Способност за тимска работа
•    Одлични комуникациски вештини
•    Одлично познавање на англискиот јазик
 
 
Работни задачи:

Обучувачот/обучувачката е одговорен/одговорна за подготовка, спроведување, проценување  и известување за обуката:

-      Развивање на едукативна програма, план на сесии и материјали за четиридневната обука
-      Спроведување на обуката;
-      Проценување на обуката;
-      Подготовка на краток извештај кој ќе биде доставен до проектниот менаџер,не подолго од 10 работни дена по завршувањето на обуката.

Технички податоци:

Обуката ќе трае 4 (четири) дена од 9ти до 12ти март во Скопје. Салата за обука ќе биде дополнително одредена. Обуката се спроведува во рамките на проектот „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“, финансиран од Европската Унија, кој ќе се спроведува до месец јуни 2017 год.

Надоместок:

На обучувачот/обучувачката за остварувањето на работните задачи ќе му/ѝ бидат исплатени 9900,00денари (бруто износ),  од страна на Здружението Гоу Грин.

Начин на пријавување:

Доколку сте заинтересирани да се пријавите, ве молиме да ја испратите вашата биографија (CV), писмо за мотивација и кратка програма за обука, на следната електронска адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Краен рок за пријавување е 28.02.2017

За подетални информации контактирајте го: Александар Трпковски, проектен менаџер, на електронската адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Share/Save/Bookmark

Thursday, February 23 2017