Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина 
Гоу Грин - Скопје 
го ПРОДОЛЖУВА ПОВИКОТ ЗА УЧЕСТВО на ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ во проектот
 „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“

Повикот е наменет за организациите кои работат на полето на образование и/или заштита на животна средина во Прилеп и прилепскиот регион. Целта на проектот е да ги развие капацитетите на организациите кои ќе бидат селектирани за застапување и лобирање на локално ниво за имплементирање на наставната програма за клима и енергетска ефикасност во локалните средни стручни училишта. Проектните активности опфаќаат проценка на потребите и оцена на капацитетите на граѓанските организации во областа на ЕУ 2020 пакетот за клима и енергија, процесите во образованието и наставните програми, вештините и алатките за учество во процесот на донесување одлуки. Врз основа на анализата ќе се креираат соодветни тренинг модули за обука на избраните десет граѓански организации.

Обуката се планира да се спроведе од 9 - 12 март 2017 во Скопје. По завршувањето на обуката, организациите ќе организираат процес на консултации со локалните институции за промоција на образованието за клима и енергетска ефикасност и ќе изработат кампањи. Целта на кампањите е понатамошно мултиплицирање на ефектите од стекнатото знаење, на локално ниво, и промовирање на програмата за клима и енергетска ефикасност во општината и средните стручни училишта.



Со таа цел се повикуваат граѓанските организации да земат учество во овој проект преку пополнување на прашалникот за учество. Услов за учество на заинтересираните здруженија на граѓани е да се регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации (Службен Весник на Република Македонија бр.52/2010 и 135/2011), да имаат свое седиште во Прилеп, да постојат најмалку една година, и работат во полето на образование и/или животна средина.

Краен рок за доставување на пополнетиот прашалник е 24.02.2017 година. Истиот се доставуваат електронски со пополнување на следниот линк

Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН Скопје, го спроведува проектот: „ГРАЃАНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЗА КЛИМА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ“, како дел од проектот на Милеуконтакт Македонија, КОЦКА и Фронт 21/42 за „Зајакнати граѓански организации за партиципативно транспонирање и спроведување на ЕУ 2020 пакетот за енергија и клима“, финансиран од Европската Унија во рамки на IPA 2 Multi-Country Civil Society Facility & Media Programme 2014-2015.

За повеќе информации и поддршка при пополнување на прашалникот, ве молиме слободно да не контактирате на следниот контакт:

 

Контакт лице:                   Александар Трпковски
E-mail:                               This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Мобилен:                          +389 78 806 838
Share/Save/Bookmark

Tuesday, February 21 2017